Анализи

Со „врзани раце“ антикорупционерите ги контролираат политичките партии!
Анализи

Со „врзани раце“ антикорупционерите ги контролираат политичките партии!

Законско решение има, но недостасуваат технички можности антикорупционерите да го контролираат финансиското работење на политичките партии во изборниот период. Владата досега не најде пари за набавка на софтвер кој ќе овозможи членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата да вршат увид во сметките на политичките партии, иако на хартија тоа веќе им е овозможено. Од Антикорупциска се надеваат дека дури во 2022 година ќе може да вршат целосна контрола на финансиското работење на партиите.

Потребна е поголема контрола на патот на парите кои се движат на релација приватна компанија – политичка партија!
Анализи

Потребна е поголема контрола на патот на парите кои се движат на релација приватна компанија – политичка партија!

Начинот и транспарентноста на финансирање на политичките партии од секогаш била и ќе остане скокотлива тема во јавноста. Кој ги полни касите на политичките партии, и каков бенефит потоа добива назад е прашањето кое со години се истражува во обвинителството, антикорупциските комисии и во нивинарските редакции.

Каква политичка (не)култура, таква предизборна кампања
Анализи

Каква политичка (не)култура, таква предизборна кампања

Политичкиот натпревар во земјава помеѓу партиите во време на предизборие редовно е исполнет со нефер потези од страна на политичките субјекти сѐ со цел освојување на што повеќе гласови од граѓаните. Досега се покажало на дело дека политичките партии не бираат начин како да се додворат на оние кои важат за неопределени, или пак свесно подготвуваат кампања за одредени целни групи со кои сметаат дека може лесно да се манипулира.

Намалување на негативните кампањи преку унапредување на културата на јавна комуникација
Анализи

Намалување на негативните кампањи преку унапредување на културата на јавна комуникација

Негативната кампања на партиите е својствена за секои избори и таа често се појавува на билбордите, на улиците или пак во јавната сфера. Нема потреба од дополнителна измена на медиумските закони, за промени на оваа пракса која се јавува редовно во јавниот простор во изборните периоди, клучно е унапредувањето на културата на јавна комуникација на политичките партии, согласни се нашите соговорници.

Граѓаните немаат бенефит од негативни изборни кампањи
Анализи

Граѓаните немаат бенефит од негативни изборни кампањи

Негативната кампања меѓу партиските опоненти се појави и на последните избори каде често во јавниот простор се презентираа партиски наместо изборни содржини. За време на изборните кампањи но и потоа, значаен дел од пораките се фокусираат на напади на противникот, наместо на политичката понуда, што не им носи многу бенефит на граѓаните.

Четири компании – доминантни во бизнисот со билборди
Анализи

Четири компании – доминантни во бизнисот со билборди

„Акцент медиа“, „Скрин медиа“, „Лид комјуникешнс“ и „ОК медиа“ – ова се четирите маркетинг компании кои со години се главни играчи во бизнисот со надворешното рекламирање, односно компании кои им нудат на фирмите рекламирање на билборди, ситилајти. На последните парламентарни избори кај нив, се рекламирале и партиите.

,,Компромисот“ меѓу рекламерите и Градот го намали бројот на билборди за партиите
Анализи

,,Компромисот“ меѓу рекламерите и Градот го намали бројот на билборди за партиите

Рекламирањето на партиите преку билбордите на последните избори индиректно беше под влијание на Oдлука на Градот Скопје, наречена ,,Простор против корона“, со која беа отстранети дел од рекламните простори на улиците. Кризата со корона вирусот особено удри економски врз бизнисот со надворешно рекламирање, па така оваа мерка може да се гледа и како компромис со компаниите да се намали бројот на билборди во период кога и онака нема голем интерес за рекламирање.

Сo билборди со партиски содржини, партиите ,,ловат“ гласови надвор од кампањата
Анализи

Сo билборди со партиски содржини, партиите ,,ловат“ гласови надвор од кампањата

Партиите се тркаат за гласови надвор од изборната кампања, преку закупување на билбордите со партиски а не со изборни содржини, покажуваат анализите на терен. Оваа стратегија ја применуваат со цел партиските пораки да стигнат до гласачите надвор од официјалната изборна кампања. Наместо да се фокусираат на својата изборна програма и да ги промовираат своите идеи за подобра иднина на граѓаните, дел од партиите, платеното политичко рекламирање го искористија за партиски препукувања и црна кампања.

Кој колку билборди доби во предизборието – помалите партии со значајно помалку реклама
Анализи

Кој колку билборди доби во предизборието – помалите партии со значајно помалку реклама

Двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат најголем колач од билбордите за политички маркетинг за изборите. Помалите партии се жалат дека рекламирањето на партиите не е фер, како и дека – ,,големите партии си ги земале подобрите локации за себе“. Бројката со која треба да бидат застапени политичките партии е веќе решена со Изборниот законик, каде е регулирано дека помалите партии одат со 10% застапеност, а поголемите (власт и опозиција) со по 40%, велат познавачите.

Дел од предизборните билборди симнати, дел уште стојат
Анализи

Дел од предизборните билборди симнати, дел уште стојат

Дел од билбордите на партиите се симнати од зградите и паноата на компаниите низ главниот град, додека дел се уште стојат и покрај тоа што помина повеќе од еден месец од одржувањето на изборите. Според Изборниот законик, учесникот во изборната кампања е должен во рок од 30 дена по завршувањето на изборите да го отстрани сметот од плакатите. Потребно е допрецизирање на роковите за билбордите, велат нашите соговорници.

Ќе се спасат ли партиите од казни за непрoписно поставените висечки реклами
Анализи

Ќе се спасат ли партиите од казни за непрoписно поставените висечки реклами

Ниту една политичка партија досега не е казнета поради непрописното поставување на висечки реклами низ тетовските улици за време на последните парламентарни избори за кои пишуваше ПИНА. Партиите сами ги поставиле овие висечки реклами без да бараат дозвола од општинските власти.

Со висечки реклами, дел од партиите ги извисија правилата за политички маркетинг
Анализи

Со висечки реклами, дел од партиите ги извисија правилата за политички маркетинг

Висечки реклами на кои се прикажани имињата и ликовите на неколкумина кандидати на политички партии се издигнуваат над дел од главните улици во Тетово. Обичните минувачи знаат дека станува збор за дел од политичкото рекламирање за изборите, но најголем дел од граѓаните не знаат дека овој вид на политичко рекламирање е буквално во сива зона и никој не го контролира.