pol-rek-bil-dop-izv
Публикации

Политичко рекламирање на билборди во Северна Македонија – дополнителен извештај

Отворените трансакциски сметки на политичките партии со назнака “за изборна кампања “, односно заради прибирање на средства за финансирање на изборната кампања, согласно член 71 од Изборниот законик се затвораат во рок од 60 дена од денот на објавување на конечните изборни резултати од одржаните избори.

Конечните изборни резултати од одржаните предвремени парламентарни избори 2020 година беа објавени на 25.07.2020 година од страна на Државната изборна комисија.

Согласно член 85 од Изборниот законик учесникот во изборната кампања е должен веднаш, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на затворање на трансакциската сметка (отворена за целите на изборната кампања) да поднесе вкупен финансиски извештај со спецификација за трошоците за приходите и расходите во изборната кампања.

Финансискиот извештај се поднесува до Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата и Собранието на Република Македонија. Првите три наведени институции јавно ги објавуваат на своите веб страници. Понатаму, Државниот завод за ревизија во рок од 60 дена од денот на поднесувањето на извештајот е должен да спроведе ревизија. Ревизијата се спроведува од денот на отварањето на трансакционата сметка за изборната кампања до завршувањето на трансакциите на таа сметка.

Вкупните финансиски извештаи на политичките партии не се објавени на веб странта на ДИК. На веб страната на ДКСК, пак, се објавени само вкупните финансиските извештаи на политичките партии.